Filters
Пребарување
АМБАЛАЖНИ СЕРВИС дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата АМБАЛАЖНИ СЕРВИС се занимава со трговија и производство на амбалажа за овошје и зеленчук

- Секаков вид картонски гајби
- Картонски кутии
- Секаков вид амбалажа за палетирање 
- Пластична амбалажа,  
- Пластични мрежи за овошје и зеленчук

АМБАЛАЖНИ СЕРВИС дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

АМБАЛАЖНИ СЕРВИС

Компанијата АМБАЛАЖНИ СЕРВИС дооел – Струмица е активна на македонскиот пазар од 2010 година. Нaша главна дејност е продажба на секаков вид на транспортна амбалажа за свежо овошје и зеленчук и може да се пофалиме дека сме еден од водечките производители во оваа дејност.

Гајбите кои ги произведуваме ги задоволуваат сите европски критериуми и стандарди, а со тоа им ја олеснуваме работата на компаниите кои се извозно ориентирани.

АМБАЛАЖНИ СЕРВИС на македонскиот пазар ги пласира следниве производи:

СИТЕ ВИДОВИ НА КАРТОНСКИ ГАЈБИ, со најразлични димензии и картонски боксови за пакување на зеленчук и овошје, како и гајби со посебни големини наменети за пакување на лубеница / диња.

Нашата картонска амбалажа е изработена од специјални еколошки материјали, на нејзе може едноставно да се печати и е означена со TAR код кој е осбено битен за дистрибуција на производите во големопродажбата.

Карактеристики на картонските гајби:

  • • Ги задоволуваат стандардите за здравствени и еколошки критериуми

  • • Имаат стандардизирани димензии

  • • Можат да бидат брендирани

  • • Приспособени се на потребите на трговците и дистрибутерите

  • • 100% можност за рециклирање

ambalazni-servis-clubeconomy
ambalazni-servis-clubeconomy

АМБАЛАЖА ЗА ПАЛЕТИРАЊЕ И ПЛАСТИЧНА АМБАЛАЖА

СЕКАКОВ ВИД АМБАЛАЖА ЗА ПАЛЕТИРАЊЕ (ќош лајсни, трака за палетирање, муниција за палетирање, машинки за палетирање).

ПЛАСТИЧНА АМБАЛАЖА (пластични ќош лајсни, пластични канчиња за пакување, пластични подлошки за калибрирање на овошје и зеленчук)

ambalazni-servis-clubeconomy
ambalazni-servis-clubeconomy

БРЕНДИРАЊЕ И МАШИНСКО ЛЕПЕЊЕ

Брендирање: Во АМБАЛАЖНИ СЕРВИС можеме да дизајнираме и изработиме амбалажа со вашето лого и вашите корпоративни бои. Брендирани амбалажи кој ги изработуваме уште при првиот поглед гарантираат квалитет и препознатливост на пазарот.

Машинско лепење: Во зависност на количините кој и се потребни на компанијата, имаме можност за поставување на МАШИНСКА ЛЕПЕЛИЦА за картонска амбалажа.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Младинска бр. 43,
П. Фах 123, 2400 Струмица
Град: Струмица
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)34/322 717

Социјални медиуми

Лице за контакт

Боре Спасов +389 (0)75/414 454


Документи

Амбалажа за прехранбена индустрија

Амбалажа за прехранбена индустрија

Преземи