Filters
Пребарување
АНДРЕЈ КОМПАНИ доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

АНДРЕЈ КОМПАНИ се занимава со продажба на големо и мало на:

- Играчки
- Бебешка опрема

АНДРЕЈ КОМПАНИ е застапник на дваесетина европски брендови, меѓу кои и брендовите: CHIPOLINO за бебешка опрема, PILSANDEDEBILDO и DOLU

АНДРЕЈ КОМПАНИ доо

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

АНДРЕЈ КОМПАНИ

АНДРЕЈ КОМПАНИ од Штип е компанија које е формирана уште 1998 година. Почетоците ни беа скромни, почнавме во продавница од 18 м2, но целиот овој период имаме тренд на постојано растење, што пред се, се должи на јасната визија на менаџментот за местото што АНДРЕЈ КОМПАНИ треба да го има на пазарот и инсистирањето на потрошувачите да им се понудат квалитетни производи, со идеален соодност меѓу квалитетот и цената.

andrej-kompani-clubeconomy
andrej-kompani-clubeconomy

ПРОДАЖЕН ЦЕНТАР

Динамиката на растот на компанијата беше задоволителна, така што денес располагаме со продажен центар поголем од 300 м2 во строгиот центар на градот Штип, продажен салон во центарот на Скопје, во близина на железничка станица, како и магацински простор поголем од 2000 м², целосно опремен за големо продажба.

Застапници сме за повеќе европски брендови од кои најпрепознатлив е брендот CHIPOLINO за бебешка опрема.

ДЕТСКИ ИГРАЧКИ

Компанијата АНДРЕЈ КОМПАНИ нуди голем и разновиден избор на детски играчки и бебешка опрема, со повеќе од 5.000 видови производи, број што секојдневно се надополнува... Особено сме задоволни од застапството на брендот CHIPOLINO за бебешка опрема, кој на македонскиот пазар го носиме повеќе од седум години. Исто така, застапници сме и за четири брендови кои бележат експанзија во однос на квалитетот и асортиманот на производите што ги нудат на пазарот, а тое се PILSAN, DEDE, BILDO и DOLU.

andrej-kompani-clubeconomy
АНДРЕЈ КОМПАНИ поседува два продажни салона во строгиот центар на Штип, еден за бебешка опрема и еден за детски играчки, и еден продажен салон во центарот на Скопје.
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица:
Салон Штип
Ул. Благој Мучето бр. 12 а, 2000 Штип

Салон Скопје
Ул. Петричка бр.6, 1000 Скопје
(кај железничка станица)
Град: Штип
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Г-дин Андреј


Мапа

Документи