Подетално за компанијата
БЦ–ТРАНСКОМ
БЦ–ТРАНСКОМ доо УВОЗ - ИЗВОЗ се занимава со производство на масивни плочи со ширинско слепување на елементите. Опремата за производство е од најсовремен вид, набавена од Германија и САД. Капацитетот на производство ни е 60 м3 месечно, со работно време од 8 часа на ден. Суровината за производство на масивни плочи е бука (благо парена или бела - природна), бор, даб или друго дрво, по ваша нарачка.
ДИМЕНЗИИ НА ПЛОЧИ
Димензијата на плочите што се произведуваат може да бидат со: ширина до 1 000 мм, должина до 2 600 мм и дебелина од 20, 35, 40, 45 мм (се произведуваат и масивни ногарки за маси од разни димензии 70 x 70, 80 x 80, 100 x 100, 120 x 120 мм).
СОПСТВЕНА СУШАРА
Заради контрола на квалитетот на готовите производи, погонот располага со сопствена сушара, со капацитет од 60 м3, опремена со најсовремена технологија од словенечко производство за водење на процесот – режимот на сушење.
ЕЛЕМЕНТИ ОД ДРВО ПО ВАША НАРАЧКА
Покрај производство на масивни плочи, БЦ–ТРАНСКОМ може да произведува и најразлични елементи и делови за мебел, газишта за степеници, разни видови украсни лајсни, ламперија, патос, и други елементи од дрво, по ваша нарачка.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Маршал Тито бр. 53, Село Ратево, 2330 Берово
Град: Берово
Држава: Македонија
Социјални медиуми
Лице за контакт
Милан Цикарски +389 (0)71/243 182