Filters
Пребарување
БРУСНИК

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата БРУСНИК се занимава со изработка и монтажа на градежен лим,

ISO Стандарди за квалитетот на производите и материјалите кои се користат во изработка на кровните конструкции

• Трапезен лим

• Рамен пластифициран лим

• Поцинкован лим

• Лим герамида

• Безконечни олуци

• Калкани

• Долии

• Снегобрани

• Машинско ребрување на лим

• Изолациони панели

• Апканување до 8 метри

Подетално за компанијата

БРУСНИК

Фирмата БРУСНИК е основана во 1969 година како мал лимарски дуќан во старата Битолска чаршија, со основна дејност производство на олуци и бории за домаќинствата. Во 2002 година прераснува во современа фабрика за производство на трапезен лим.

brusnik-lim-clubeconomy

ОПРЕМА

Фабриката е опремена со најсовремена опрема за производство на профилиран лим, како и додатоци за покривни лимени конструкции (олуци, калкани долии… снегобрани од поцинкована лента и снегобрани од пластифициран лим) кои дополнително ги подобрат сигурноста и квалитетот на покривот.

brusnik-lim-clubeconomy

ПЛАСТИФИЦИРАН ЛИМ

Пластифицираниот лим е составен од основен материјал – квалитетен челичен лим со соодветна дебелина. Горната страна е заштитена најпрво со слој од цинк, потоа со слој за неутрализација како основа за слој од прајмер и завршно премачкан со полиестер. Овие карактеристики на пластифицираниот лим што ние го употребуваме овозможуваат лесен пристап кон профилирањето на лимот, како и долготрајност на производите, отпорни на надворешни влијанија.

brusnik-lim-clubeconomy

МОНТИРАН ЛИМ

Монтираниот лим на покривната конструкција е неколку пати полесен од класичниот покрив. Лимените делови се монтираат по целата должина на покривот, без прекин, на подлога од лесна подконструкција. Бојата на лимот е по избор на купувачот. Монтажата е брза и едноставна што значително ја намалува инвестицијата за градба. Монтажата на лимот може да биде врз челични или дрвени конструкции. И во двата случаи се изведува со метални завртки со гумени и метални подлошки кои целосно го затвораат отворот на лимот.

brusnik-lim-clubeconomy

МОНТАЖА

Екипираноста на БРУСНИК ни овозможува да изведеме брза и ефикасна монтажа и на најкомплицирани покривни конструкции.

  • Трапезен лим

  • Пластифициран лим

  • Лим керамида

  • Снегобрани

  • Бесконечни олуци

brusnik-lim-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Довлеџик бб, 7000 Битола
Град: Битола
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Кире Тасев


Мапа