Filters
Пребарување
КАЗАБЛАНКА

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата КАЗАБЛАНКА се занимава со производство на ТААН и преработка на сиров и лупен сусам

- Таан
- Интегрален таан
- Сиров и лупен сусам

80+

ГОЛЕМОПРОДАЖНИ СНАБДЕНИ МАРКЕТИ

50+

СНАБДУВАЊА НА МАЛОПРОДАЖНИ МАРКЕТИ

200+

ТОНИ ПРОИЗВЕДЕН ТААН ГОДИШНО

250+

ТОНИ ПРОЦЕСИРАН СУСАМ ГОДИШНО

Подетално за компанијата

КАЗАБЛАНКА дооел е компанија од средна големина која се занимава со производство на таан и преработка на сиров и лупен сусам. Компанијата е основана во 2000 година како продолжение на стара фамилијарна традиција, а со производство и продажба на таан започнавме во 2005 година.

Своите производи КАЗАБЛАНКА ги пласира на македонскиот пазар, а дел извезува во Србија, Косово, Грција, Хрватска и Австралија. Продажбата се врши на големо во рефус пакувања, додека во малопродажбата настапуваме со обичен и интегрален таан пакуван во тегли.

Покрај производство на таан и процесирањето на сусам КАЗАБЛАНКА врши и дистрибутивни услуги, како на територија на Македонија, така и во странство. Нашата визија е да го зголемиме асортиманот на производи кои содржат таан и да започнеме со производство на алва, хумус, преливи за салати и ладно цедено сусамово масло.

casablanka-clubeconomy
casablanka-clubeconomy

ТААН

Таанот произведен од КАЗАБЛАНКА е од специјално селектирано, високо квалитетно сусамово семе. При процесот на изработка сусамот се лупи, мие, суши, потоа се пече, се изладува и на крајот се меле. Таанот произведен од КАЗАБЛАНКА е од 100% сусам и нема додатни состојки.

ИНТЕГРАЛЕН ТААН

Интегралниот таан кој го произведува КАЗАБЛАНКА е од цело зрно сусам кое што се лупи, мие, суши, потоа се пече, се изладува и на крајот се меле. Интегралниот таан произведен од КАЗАБЛАНКА е од 100% сусам и нема додатни состојки.

СУСАМ - лупен и сиров

Лупениот сусам во главно се користи во пекарската и кондиториската индустијра (за производство на енергетски барови). Сировиот сусам се користи за производство на ТААН, и како додаток во исхраната со големи нутритивни вредности.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Западен булевар бр. 2, 1430 Кавадарци
Град: Кавадарци
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа