Подетално за компанијата
Компанијата ОМЕГА ЛИФТ дооел Скопје се занимава со изведување, сервисирање и ремонт на секаков вид на лифтови (хидраулични, електрични, платформи за инвалиди, платформи за автомобили, патнички и товарни лифтови). Користиме опрема и материјали кои ги имаат сите потребни сертификати за квалитет и безбедност, со што на нашите клиенти им даваме максимална гаранција за безбедност и долготрајно користење.
Нашите лифтови се изработени од современи материјали, со модерен дизајн и постојано ги следиме светските трендови во оваа индустрија. ОМЕГА ЛИФТ има воспоставено повеќегодишна соработка со компании кои произведуваат делови за лифтови од Турција и Грција. Тука би ги издвоиле ХЕДЕФСАН – Турција, која произведува контролни табли, и АРКЕЛ – Турција, која исто така произведува контролни табли. Потоа би ги издвоиле БУТКОН – Турција, која произведува повикувачки контролни табли и МОРИС – Грција, која произведува хидраулични патнички и товарни лифтови.

Контакт информации
Адреса
Улица: Бул. Партизански одреди бр. 9/1, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија
Социјални медиуми
Лице за контакт
