НОВ ДОМ ЗА 60 ДЕНА
Материjали за изработка кои ги користиме:
- ✅ Панелен систем со основа од дрво, структуиран од основа од дрво 60 цм растер како конструктивен елемент
- ✅ Масивен ситем на градба
- ✅ Внатрешна конструкција со 15 цм внатрешна изолација
- ✅ Затворање со 2 гипс плочи
- ✅ Надворешна страна од 1,5 OCB плоча
- ✅ Фасада со стиропор и изолации
- ✅ Кровот и плафонот со исти материјали како и зидовите
- ✅ Завршен дел од кровот керамида или лим зависно од желбата
- 🔑🔑Клуч на рака – опфаќа комплетно завршување на објектот и сите инсталации водоводни и електрични (со или без фундамент од наша страна)
Подетално за компанијата
БУЛАРТ КОНСТРАКШН
БУЛАРТ КОНСТРАКШН дооел е градежна компанија која се занимава со изведување завршни работи во градежништвото, обработка на дрво, изработка на монтажни куќи и сите други видови монтажни градби, по прицнипот „клуч на рака“.
Производниот погон е лоциран во село Смиљковци, се протега на површина од 500м², опремен е со машини за груба и фина обработка на дрво, како и за произведство на полу-фабрикувани и целосно фабрикувани елементи за изведба на нарачаните објекти.
КВАЛИТЕТНА ИЗРАБОТКА
БУЛАРТ КОНСТРАКШН од почетокот на своето постоење е посветена на квалитетна изработка и целосно пресретнување на Вашите потреби. Главната заложба ни е промовирање на дрвото како природен, евтин и обновлив градежен материјал, кој воедно е нераскинлив дел од македонската градителска традиција.
Преку постојаната заложба да градиме еколошки и енергетско ефикасни објекти, компанијата придонесува за поквалитетен живот на нашите клиенти, а воедно придонесуваме и кон зачувување на природата, обезбедувајќи поубава иднина за сите.
ПОНУДА
БУЛАРТ КОНСТРАКШН изработува и внатрешни скали од масивно дрво во најразлични форми и димензии, потоа газишта и ограда за веќе постоечка скалишна конструкција, прозорци и прозорски врати од масивно дрво, влезни и внатрешни врати од масивно дрво, со стандардизирани димензии или по мерка на нарачателот. Нуди квалитетна и брза изработка на сите завршни работи во градежништвото, како: молерски услуги, електрика, водовод, изведување на санитарни чворови и други занаетчиски услуги.
ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА
Изработуваме идејни решенија за сите видови објекти од 4 и 5 категорија, како и ентериерни решенија за веќе изведени објекти. Решенијата се презентираат низ технички цртежи и соодветни просторни визуелизации. БУЛАРТ КОНСТРАКШН располага со хидрауличен кран HIAB 100, со домет од 9 метри и носивост од 500 кг/9м. Даваме и услуги во кроење и обработка на граѓа, по зададена спецификација на димензиите и начинот на обработка на елементите и услуга во анализа на кровни конструкции, со детална спецификација на сите потребни елементи за нивна изведба.

КУЌИ
- Градски куќи
- Планински куќи и брвнари
- Викенд куќи
- Бунгалови
- Деловни простори и канцеларии
- Производствени хали
- Излетнички и угостителски комплекси
ОПРЕМА
- Настрешници
- Перголи
- Летниковци
- Клупи и маси
- Огради
- Штандови
- Киосци
- Куќи за домашни миленици
ЕНТЕРИЕРИ
- Внатрешни скали
- Огради
- Преградни перфорации
- Полуѕидови
- Подови од полно дрво
- Ламперии
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Павле Божинов бр. 106 В, село Смиљковци, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia
