Подетално за компанијата
ПЧЕЛАРСТВО ДОЧИНСКИ се занимава со производство на органски мед од срцето на Малешевските планини, под брендот МАЛЕШ. Медот е со органски сертификат и е 100% природен. Семејството Дочински со пчеларство се занимаваме 15 години, а во овој наш семеен бизнис се вклучени сите членови, дури и дечињата. Пчеларниците се распоредени на седум внимателно одбрани локации на Малешевските планини: Широки Дол – Владимирово, Бариица – Владимирово, Мачево, Митрашинци.

Произведуваме планински и ливадски мед со сертификат за органско производство. Освен овие два вида мед ги имаме и сите пчелни производи, како: матичен млеч, полен, прополис, перга... Произведуваме и мешавини на мед со семе од коприва, со полен, со прополис, перга, мед со млеч... Во нашата понуда имаме и јаболков оцет од диви јаболки и боров сируп. За првпат во Македонија на пазарот понудивме и мед со лиофилизирано суво овошје.
На меѓународни натпревари ПЧЕЛАРСТВО ДОЧИНСКИ има добиено 10 златни медали.
Имаме организирана достава на сите наши производи низ цела Македонија, дел лично, дел по карго.


Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Брдославица бр. 35, 2330 Берово
Град: Берово
Држава: Macedonia
