Filters
Пребарување
КОМФИ АНГЕЛ доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата КОМФИ АНГЕЛ е специјализирана за производство и продажба на јоргани, перници, заштитници за душеци, како и разни видови постелнина. 

Стационирани во Прилеп на површина од 28.000 м2, во моментов располагаме со големи производствени капацитети, кои на неделно ниво изнесуваат 100.000 перници, 40.000 јоргани, 80.000 заштитници за душеци и 30.000 торби

СЕРТИФИКАТИ

STANDARD 100 од OEKO-TEX® класа I и II
BSCI
ISO 9001:2000

КОМФИ АНГЕЛ доо

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

КОМФИ АНГЕЛ

Специјализирани сме за производство и продажба на постелнина. Нашиот асортиман брои многу различни квалитети и дизајни на материјали. Дополнително, изработуваме и специфични постелнини, како што се на пример водоотпорните, анти бактериските и огноотпорните производи.

Примарни производи кои ги произведуваме во фабриката се перници, јоргани, прекривачи, заштитници за јога, вреќи за спиење и сите останати аспекти на постелнински чаршави, јоргански навлаки, навлаки за перници, и сл. Во моментов, се простираме на површина од 22500м2 и имаме достигнато бројка од 1000 вработени. Имаме големи капацитети од околу 250.000 производи на неделно ниво, бројка која можеме и да ја зголемиме согласно побарувањата на купувачите. Главни европски земји во кои извезуваме во моментов се Франција, Англија, Белгија, Холандија, Германија, Хрватска, Словенија, Полска, Србија, Италија, Малта, Грција, Бугарија, Романија, Данска, Естониа, Шведска и Финска, а од не-европските во Бразил и Кувајт, со тенденција да се прошириме уште повеќе.

comfy-angel-clubeconomy
comfy-angel-clubeconomy

НАШАТА ЦЕЛ

Имаме и мал локален пазар, кој исто така настојуваме да го зголемиме до одредени граници. Целите на нашата компанија се следниве:

  • • Да ги задоволиме потребите на нашите купувачи преку квалитет, цена и време да доставување

  • • Да тргуваме преку подобри од очекуваните стандарди

  • • Да ја почитуваме околината во која работиме

  • • Да развиваме нови производи преку сопствена иницијатива

  • • Да развиваме добри бизнис врски со нашите купувачи и партнери

  • • Да тргуваме со етички стандарди и правилни безбедносни & здравствени процедури

  • • Да ја одржуваме околината во која работиме безбедна, чиста и контролирана

comfy-angel-clubeconomy
comfy-angel-clubeconomy

НАШИОТ ТИМ

Горди сме на нашиот менаџерски тим и на вработените полни со ентузијазам и дух за тимска работа. За константно подобрување, имаме редовни работни состаноци со вработените од сите сектори.

Една од нашите најголеми предности е нашата добра географска позиционираност. Ситуирани сме на крстосницата на Балканот и имаме лесен копнен пристап до скоро сите европски земји. Работиме по еквиваленти на ISO 9001:2000 Стандардите, и соодветствуваме со англиските регулативи за заштита & здравје. Во однос на ова, редовно сме тестирани од нашите купувачи и ги имаме добивано највисоките рејтинзи на техничките и етичките тестови кои секогаш се од меѓународна природа. Нашиот квалитет и етичка работа се поддржани и со меѓународно признатиот OEKO tex сертификат 100.

comfy-angel-clubeconomy
comfy-angel-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Александар Македонски 1 г/13,
7500 Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)48/432 553

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи