Подетално за компанијата
ДЕ-ЛО ХИГИЕНА
Компанијата ДЕ-ЛО ХИГИЕНА нуди комплетни и сигурни хигиенски решенија за вашата компанија, канцеларија, дом... Нудиме професионални средства и препарати за хигиена и дезинфекција, материјали, алатки, прибор, машини за индустријата, HoReCa сегментот, болници, училишта, домаќинства... со висок квалитет, од познати светски брендови. Компанијата постои од 2015 година и веќе е етаблирана на пазарот од југозападниот дел на Македонија. Покрај трговијата со производи, препарати, опрема и машини за одржување на хигиена, имаме и професионална перална за перење на хотелски, ресторански и болнички чаршафи, како и работни униформи. Нудиме комплетни хигиенски решенија за сите индустрии, а би ги издвоиле: прехранбената индустрија, млечната индустрија, производството на сокови, вода, автомобилската индустрија, медицината...
Ги застапуваме брендовите: Diversey, Lucart professional, Vileda professional, Selpak professional, Buzil, Blossom...

Заштита од вируси и бактерии
За беспрекорна заштита од вируси и бактерии Ви го нудиме сетот за дезинфекција и заштита.
-
• Divodes FG (за брза дезинфекција на површини без плакнење)
-
• Suma alcohol wipes (влажни маримици за дезинфекција на раце и површини)
-
• 5 Vileda крпи за еднократна употреба
-
• Blossom заштитни ракавици за еднократна употреба.


Дезинфектант за РАЦЕ
Дезинфектант SoftCare Des E H5 Intellicare 1.3l - Aлкохолен дезинфектант за раце со одлични бакетицидни, фунгицидни и вируцидни дејства.
-
• На база на два алкохоли (етанол и 2 пропанол) и адитиви за нега на кожата.
-
• Соодветен за употреба во јавни објекти и болници. Не содржи мирис и боја што го прави соодветен за употреба во прехрамбени објекти и индустрии.
-
• Ги задоволува стандардите EN1040 и EN1276 за бактерицидност.
-
• Се дозира од SoftCare Intellicare диспензер. Економичен и наменет за тоалети со голема фрекфенција на употреба, како школи, јавни објекти, канцеларии.
-
• Со една вреќичка се добиваат 1300 дезинфекции миења.
Тоалетна хартија
Lucart Proffesional и Selpak Proffesional - Препознатливи брендови кои нудат широка, квалитетна и ценовно поволна палета на тоалетна хартија, хартија за бришење на раце, салфетки, хартиени марамчиња... за домашна и комерцијална употреба.
Професионална програма на хартиени чаршафи за една употреба. Достапни во различни дезени и димензии од брендот FATO.


Професионално перење
ДЕ-ЛО ХИГИЕНА има најдобри и најекономични решенија за: перење, сушење и пеглање на чаршафи, навлаки, покривки, пешкири, работни униформи... Професионална перална која користи најнови технологии со највисок квалитет на компоненти и материјали. Услуга исклучително погодна за хотели, болници, ординации, ресторани, фризерски студиа и салони за убавина… Веќе е достапна и за потребите на домаќинствата.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Кирил Вангелов бр. 9 (Довлеџик), 7000 Битола
Град: Битола
Држава: Македонија