ДЕМАН е компанија која на македонскиот пазар успешно работи 17 години. Примарна дејност на компанијата e производство и продажба на полуавтоматски и автоматски машини за етикетирање, дозирање и транспорт на производи од прехранбената и хемиската индустрија, со компоненти и сетови произведени од светски етаблирани компании.
Подетално за компанијата
ДЕМАН
Во чекор со барањата на пазарот и технологијата нуди свој придонес како инженеринг партнер, преку дизајнирање и создавање на производи и иновативни решенија компатибилни искличиво со потребите на секој производствен процес одделно. Поточно, со искуството и знаењата што ги имаме изготвуваме комбинации на машини и посебни сегменти од различни производители, со што се добива комплетен систем наменет за конкретен производствен процес.
Нуди решенија за поспецифични потреби на клиентите, конкретно автоматски линии за дозирање, затворање и етикетирање, транспортни траки, како и модуларни заштитни кабинети за ласерски принтери, кабинети за ладење и греење на електронски уреди за индустријата, траверзни носачи и разни системи за прикачување и движење на глави од принтери, автоматизација на процеси и слично.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Хо Ши Мин, бр. 145 б ( Бутел ),
1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија