Крзнената модна бунда и капи се изработуваат од јагнешки кожи. Крзнените ташни се изработени од овчки кожи, во различни големини, бои и дизајн, во тренд со модните светски случувања. Производи од медицинско крзно
Специјален производ во производната програма на ДИМКО МИТРЕВ е крзното за медицинска употреба. Медицинското крзно е природно овчко крзно од специјално избрани мерино овчки раси. Ова крзно се произведува по специјална технологија која гарантира еколошко здраво крзно.
Кај пациетите кои поради природата на болеста лежат подолго време доаѓа до појава на рани. Вакви проблеми нема ако се користи нашето медицинско крзно, што се должи на хемиските и физички својства на волната.
Во медицинската програма нудиме:
-
1. Крзнени ќебиња од медицинско крзно
-
• за болнички кревети
-
• за инвалидски колички
-
• за детски креветчиња
-
-
2. Медицинско крзно во природна форма на кожа т.н. "Тир Форма"
-
3. Крзнени перничиња од медицинско крзно
-
4. Грејачи за нозе за парализирани, инвалидизирани и стари лица.
-
5. Крзнени топлинки од медцинско крзно со прсти и без прсти
-
6. Грејачи за: лакти, колена, бубрези, појаси
-
7. За вашето бебе Ви нудиме:
-
• крзнено ќебе од медицинско крзно за детско креветче, количка, столче
-
• крзно во природна форма за креветче
-
• крзнени топлинчиња
-
• крзнени ракавичиња
-
• крзнено капче
-