Подетално за компанијата
ЕЛЕКТРО ПРОМЕТ
ЕЛЕКТРО ПРОМЕТ дооел веќе 22 години е присутно на македонскиот пазар и ја има стекнато довербата кај потрошувачите со својата професионалност, беспрекорна услуга и висококвалитетни производи.
Пазарен сегмент на ЕЛЕКТРОПРОМЕТ е трговијата со керамички плочки и санитарии, опрема за бањи, масажни кади, лепила и малтери за градежништво, а располага и со комплетна палета материјали за водовод, парно греење и електро материјали и железарија.


КВАЛИТЕТ
Претпријатието во своето досегашно постоење има воспоставено деловна соработка со реномирани компании од странство, чии производи преку трговската мрежа на ЕЛЕКТРО ПРОМЕТ им се нудат на македонските потрошувачи и кои претставуваат брендови познати по својот квалитет, со потекло од Шпанија, Италија, Германија, Турција и Словенија.
СОРАБОТКА
Соработуваме со:
-
• AZTECA CERAMICA - Шпанија
-
• LA PLATERA - Шпанија
-
• KERAMICA GOMEZ – Шпанија
-
• AZULEJOS ESPANOL – Шпанија
-
• AZULEJOS ALCOR - Шпанија
-
• GURAL Seramic - Турција
-
• KOLPA SAN - Словенија


УСЛУГИ
За посветеноста кон нашите потрошувачи сведочат многу детали кои се составен дел во нашите услуги и кои потрошувачите ги ставаат во центарот на нашето внимание. За сите купувачи е организирана достава до нивните домови, обезбедена е гаранција, која за некои производи достигнува и до 20 години, а професионалниот тим од претпријатието во секое време е подготвен да им предложи квалитетни решенија и за нивните најсложени барања.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Маршал Тито бр. 108, 6330 Струга
Град: Струга
Држава: Македонија