Filters
Пребарување
ГЕМАКС ИНТЕРНАЦИОНАЛ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ГЕМАКС ИНТЕРНАЦИОНАЛ се занимава со:

- Опремуваме хотели, ресторани, пицерии, кафе барови, слаткарници...
- Опремуваме мали и големи пекари, млечни ресторани, сендвичари...
- Опремуваме месарници, погони за преработка на месо...

ГЕМАКС ИНТЕРНАЦИОНАЛ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ГЕМАКС ИНТЕРНАЦИОНАЛ

Основната дејност на ГЕМАКС ИНТЕРНАЦИОНАЛ е опремување на хотели, ресторани, пицерии, кафе барови, слаткарници... Опремување мали и големи пекарници, млечни ресторани, сендвичари... Опремување на месарници, погони за преработка на месо...

Види Повеќе
gemax-international-clubeconomy

КВАЛИТЕТ

ГЕМАКС ИНТЕРНАЦИОНАЛ започна со работа во далечната 1995 година, како мала семејна фирма. И денеска сме семејна фирма насочена кон потребите на клиентите и купувачите, квалитетот на производите, комплетност и компетентност на услугата. Наша обврска е да ги следиме светските трендови, иновации и глобални текови и во согласност со нив да ги едуцираме клиентите.

Види Повеќе
gemax-international-clubeconomy

УГОСТИТЕЛСКА ОПРЕМА

Неутрална опрема
Наша гордост е изработката на врвна неутрална опрема. Според највисоките стандарди, без компромиси. Работни маси (отворени, затворени, со или без полици), садопери, пултови, хауби... По мерка, по желба, според Вашиот простор, според Вашата потреба.

Опрема за готвење
Ги застапуваме светските брендови FAGOR и SERGAS. Изработуваме наши производи со докажан квалитет и со пристојни цени. Скари, фритези, печењари, шпорети, кипери, конвектомати, печки за пица...

Разладна опрема
Во соработка со реномираниот производител FAGOR реализиравме голем број проекти. Опремивме пребирливи ресторани, хотели, кујни во детски градинки. Организиравме и сопствено производство за комплетно да го заокружиме процесот

Угостителска Опрема
gemax-international-clubeconomy

КАФЕ И БАРСКА ОПРЕМА

Го дистрибуираме врвното Anamaria caffe. Машини и мелници за еспресо кафе (нови и половни). Продажниот асортиман е надополнет со апарати како: блендери, миксери, кршачи на мраз, ледомати. Дистрибутери сме на ALFA машините за миење чаши и садови. Сервис веднаш, без одложување, затоа што Вашиот бар не смее да застане со работа ниту еден момент.

Кафе и Барска Опрема
gemax-international-clubeconomy

МЕСАРСКА ОПРЕМА

Моќни машини од производната програма на GARBY. Издржливи до бесконечност. Месарски ножеви, масати, сатари, саламорезници, трупци и се што е потребно за една квалитетна месарница. Испораката е веднаш и од лагер.

Месарска Опрема
gemax-international-clubeconomy

ПЕКАРСКА ОПРЕМА

Во овој сегмент сме дистрибутери на еден од најголемите светски производители FIMAK. Покрај машините на овој производител во нашиот продажен асортиман може да најдете и ситен инвентар како лопати, платно за потезни апарати, омекнувачи за вода, тепсии, колички од инокс...

Пекарска Опрема
gemax-international-clubeconomy

СЕРВИС И ДЕЛОВИ

Градејќи ја пирамидата од основата до врвот за нас е приоритет да обезбедиме резервни делови уште од првата продажба на секоја машина. Секогаш имаме резервни делови и сервисери професионалци за кои нема нерешливи проблеми. Дејствуваат веднаш за да не застане Вашата работа.

Сервис и Делови
gemax-international-clubeconomy

ИНДУСТРИСКА ХИГИЕНА

Нашиот асортиман го сочинуваат и детергенти и алатки за одржување на хигиена во ХОРЕКА објектите. Во овој сегмент ги застапуваме светски познатите брендови 3M (алатки и прибор за чистење во големи професионални кујни) и германскиот детергент за перење алишта NEW MAX. Создадовме наши, македонски детергенти за машинско перење и плакнење на садови, чаши и прибор. Нивниот врвен квалитет се потврдува секојдневно во многу македонски хотели, ресторани и големи кујни. Особено сме горди што почнавме да извезуваме.

Индустриска Хигиена
gemax-international-clubeconomy

ИНОКС И АБРАЗИВНИ МАТЕРИЈАЛИ

Увезуваме првокласен инокс од најпознатите европски производители. Го имаме во стандардни димензии, а може да испорачаме и по мерки. Палета абразивни материјали за обработка на инокс од најпознатиот светски производител 3М.

Инокс и Абразивни Материјали
gemax-international-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Лондонска бр. 19, локал 25,
ДЦ Олимпико, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Марина Стевковска
+389 (0)70/333 258


Мапа

Документи