Filters
Пребарување
ГРОЗД ад

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ГРОЗД се занимава со производство и промет на алкохолни и безалкохолни пијалаци

Безалкохолни пијалаци: СТРУМКА, Black Jack, ЛИПО
Алкохолни пијалаци: СТРУМИЧКА... Традиција подолга од 300 години
Винарија: Квалитетни црвени и бели вина

СЕРТИФИКАТИ

ISO 14001:2015
HACCP / ISO 22000 : 2005 

Подетално за компанијата

 
Производство на алкохолни и безалкохолни пијалаци

ГРОЗД Струмица

 

Работењето на ГРОЗД Струмица е инспирирано од полувековната традиција за производство на алкохолни и безалкохолни пијалаци, постојано стремејќи се кон постигнување на крајната цел: производи со висок квалитет кои ги исполнуваат барањата на сите наши потрошувачи.

СТРУМКА

СТРУМКА - синоним за уникатност во освежување. Водечки бренд на компанијата во палетата на безалкохолни газирани пијалаци, заземајќи сигурно место во маркетите во Македонија и соседните држави, а доста популарен и со забележителен раст на продажба, и низ европските држави.

ВИНАРИЈА

Во склоп на ГРОЗД Струмица работи и винарија, со сопствени лозови насади од околу 700 хектари на прекрасен тероар, каде се одгледуваат речиси сите модерни светски познати и автохтони сорти на грозје, што ни овозможува на пазарот да понудиме високо квалитетни и трпезни вина.

ОРИГИНАЛЕН ПИЈАЛАК

Струмичката мастика е традиционален македонски пијалак - бренд со кој се гордееме повеќе од 300 години. Струмичката мастика е оригинален пијалак од ова поднебје, ценета и позната во светот, за што сведочат бројните награди и признанија добиени на саеми и меѓународни дегустации.

КВАЛИТЕТ

Квалитетот и безбедноста на производите не се само цел и основа за тековно работење на ГРОЗД, туку наш развој и напредок. Производство на квалитетни безбедни и препознатливи алкохолни и безалкохолни пијалаци бара постојано подобрување и преиспитување на системот за квалитет и безбедност согласно барањатана на стандардот ISO 22000 : 2005 на што стриктно се придржуваме.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Цветан Димов ( Стадион ) бб, 2400 Струмица
Град: Струмица
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа