Filters
Пребарување
ХОМАКС лтд
Е-пошта: info@homax.mk
Club economy

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ХОМАКС лтд се занимава со малопродажба на производи за широка потрошувачка неопходни за секој современ дом.

- Опрема за осветлување, лустери, сијалици
- Производи, опрема и апарати за домаќинство
- Садови, сервиси, чаши, прибор за јадење
- Мебел, додатоци за енетериер, украси
- Производи за деца, бебиња, играчки...

Во новиот ХОМАКС ЦЕНТАР - повеќе од 15.000 артикли од 90 меѓународни брендови

Подетално за компанијата

ХОМАКС ЦЕНТАР

Во новиот ХОМАКС ЦЕНТАР, кој се наоѓа на бул. Никола Карев бб, во пријатна атмосфера за шопинг, во секој момент можете да најдете повеќе од 15.000 артикли од 90 меѓународни брендови, а инвентивниот тим ќе ве дочека со љубезност и многу изненадувања, со кои на вистински начин ви се заблагодаруваме за укажаната доверба и правиме да се чувствувате задоволни.

homax-clubeconomy

СЕ ЗА ВАШИОТ ДОМ

Во ХОМАКС ЦЕНТАР ќе најдете буквално се што му е потребно на вашиот дом, голем број производи кои ќе ви го олеснат и разубават секојдневието, ќе ја истакнат индивидуалноста и ќе го задоволат вашиот стремеж да бидете успешни и опкружени со предмети кои ви ги задоволуваат секојдневните потреби и ја карактеризираат вашата личност.

homax-clubeconomy

ОПРЕМА ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ

ХОМАКС лтд располага со широка палета на опрема за осветлување, од класичните системи, па се до најсовремените ЛЕД технологии. Познати сме по изборот на екстравагантни лустери, столни ламби, вградени или висечки расветни тела, од познати светски брендови и со идеален сооднос меѓу квалитетот и цената.

homax-clubeconomy

ВИСОКОКВАЛИТЕТНИ САДОВИ

Оделот на производи за приготвување и сервирање на храната е посебна приказна. Ние знаеме дека за оние кои го сакаат кулинарството, посебен предизвик е храната да ја приготвуваат во висококвалитетни садови, а ако тие имаат и модерен дизајн, задоволството е двојно поголемо. Изборот на садови од инокс, керамика, тефлон..., е толку голем што и најпребирливите нема да останат рамнодушни.

homax-clubeconomy

ЛУКСУЗЕН ИЗГЛЕД

Зготвената храна треба и убаво да се сервира. Ви ги нудиме и најситните детали за вашата трпеза да изгледа како во најлуксузните ресторани во светот. За да биде задоволството комплетно тука е нашата палета на чаши, избор приспособен на голем број стилови, желби и вкусови.

homax-clubeconomy
И ова не е се! Имаме уште море производи и детали кои секој дом ќе го направат поубав, пофункционелен и повеќе ваш.
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Бул. Никола Карев бб, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа