Filters
Пребарување
ИНТЕР МЕТАЛ МЕТ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ИНТЕР МЕТАЛ МЕТ се занимава со изведба на МЕТАЛНИ КОНСТРУКЦИИ 

- Изведба на бензински станици
- Изведба на индустриски објекти
- Изведба на метални конструкции
- Изведба на кровни конструкции
- Погон за ПВЦ столарија
- Сопствена механизација

ИНТЕР МЕТАЛ МЕТ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ИНТЕР МЕТАЛ МЕТ

Компанијата ИНТЕР МЕТАЛ МЕТ постои од 1996 година, но целосно е трансформирана, со нов менаџмент и нов пристап во настапот на пазарот, во 2012 година. Во 2012 година почнавме со само пет вработени и многу скромен машински парк, а денес веќе имаме повеќе од 30 вработени и добро опремен и целосно заокружен машински парк, што ни дава можност да реализираме големи и најкомплицирани проекти, кога се челичните конструкции во прашање.

Основната активност на ИНТЕР МЕТАЛ МЕТ е производство и изведба на челични конструкции во сите нивни фази, односно до целосна изградба на објектите, како што е изведба на индустриски објекти, изведба на бензински станици и реализација на други проекти на кои основата им се челични конструкции.

Inter-Metal-Met-clubeconomy
Inter-Metal-Met-clubeconomy

МАШИНИ, ОПРЕМА И МЕХАНИЗАЦИЈА, СТРУЧЕН ТИМ

Компанијата се занимава и со изведување на крово-покривачки работи, потоа со лимарски работи, а тимот е оспособен и за изведување на целиот спектар браварски работи и други занаетчиски работи за целосна финализација на проектите што ги реализираме. Новина во работењето на ИНТЕР МЕТАЛ МЕТ е и производството и монтажата на ПВЦ и алуминиумска столарија, што исто така, е дел од нашата нова филозофија во настапот на пазарот – на клиентите да им дадеме што е можно посеопфатна услуга, при што ќе можеме да го контролираме квалитетот, времето на реализација и да дадеме најприфатливи цени.

За да можеме сево ова да го реализираме, последниве години ИНТЕР МЕТАЛ МЕТ, покрај во стручноста на вработените, многу инвестираше во машини, опрема и механизација. Располагаме со неколку камиони со дигалки, вилушкари и платформи. Имаме сопствена машина за пресуванје лим, како и целата опрема за производство на градежна столарија.

Inter-Metal-Met-clubeconomy
Inter-Metal-Met-clubeconomy

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Гоце Делчев бр. 117, 2400 Струмица
Град: Струмица
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)70/302 540

Социјални медиуми

Лице за контакт

Тоше Георгиев


Мапа