Filters
Пребарување
ИЗО СТАКЛО доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ИЗО СТАКЛО се занимава со преработка на стакло

- Ламинирано стакло за градежништво
- Калено стакло - сигурна заштита ( за туш кабини, за врати, за огради, за земјоделска и градежна механизација)
- SMART GLASS- повеќе од само обично стакло
- Термоизолационо стакло
- Керамичко стакло
НОВО: MAGIC GLASS - ламинирани стакло со ЛЕД диоди кои даваат кристално јасна светлина
              GLOW IN THE DARK СТАКЛО, стакло што ја апсорбира сончевата светлина и ја емитува во ноќта

Алуминиумски и ПВЦ профили за структурални-стаклени фасади

 

Подетално за компанијата

ИЗО СТАКЛО

ИЗО СТАКЛО доо Прилеп, ја продолжува традицијата на Сигурносно стакло АД Прилеп. Со интензивната инвестициска активност во последните години и набавката на нова современа опрема, ИЗО СТАКЛО успеа да се наметне како лидер во регионот во доменот на преработката на стакло. Ние сме познати на пазарот по нашето калено и ламинирано стакло, рамно и криво, потоа по термоизолационото стакло, како и по панцир стакло.

Види повеќе
izo-staklo-clubeconomy

ЛАМИНИРАНО СТАКЛО

Се употребува во градежништвото за изработка на структурални стаклени фасади, како и за изведување на екстравагантни ентериери. Современата технологија за обработка на стакло ни овозможува да ја реализираме речиси секоја креација и имагинација на нарачателите. Во зависност од потребите и карактеристиките на секој проект произведуваме стакло со повеќе слоеви на стакло и ПВБ фолија, што овозможува голема сигурност и звучна и топлотна изолација.

ПАНЦИР стакло составено од повеќе слоеви на стакло и ПВБ фолија, со дебелина од 27 до 66 мм. Овозможува максимална заштита од оружје. Погодно е за банки, менувачници, трговски центри... Заради цврстината и издржливоста на притисок, ова стакло се повеќе наоѓа примена и како преграден ѕид во домови, базени, настрешници или како стаклен под.

ИЗО СТАКЛО е единствен производител на шофершајбни во Македонија. Најсовремената технологија со која располагаме ни овозможува сериско производство на шофершајбни за сите видови возила. Во автомобилската програма опфатено е производството на криви ламинирани стакла - шофершајбни, рамно ламинирано и калено стакло за странични стакла за возила, како и калени стакла за земјоделска и градежна механизација.

izo-staklo-clubeconomy

КАЛЕНО СТАКЛО

Каленото стакло е сигурносно стакло кое се произведува по пат на загревање на стаклото на екстремно висока тепература со термички шок на ладење. Тоа е седум пати појако од стандардното стакло, издржува високи температури до 300 °Ц, се крши на мали ситни парчина. Заради оваа се вградува каде има голема фрекфенција на луѓе. Нашата програма опфаќа производство на калено стакло за туш кабини, калени стаклени врати, лизгачки стаклени врати, калено стакло за надворешни и внатрешни огради, калени стакла за тракторски кабини и странични калени стакла за возила.

izo-staklo-clubeconomy

SMART GLASS

Станува збор за специјално стакло, произведено од LCD смарт филм, поставен помеѓу два слоја на ПБВ фолија, ламинирано во стакло и поврзано со контактни електроди, кои овозможуваат проток на електрична енергија. Вака припременото стакло, кога е поврзано со извор на електрична енергија е транспарентно, а кога не е стаклото станува затемнето, непроѕирно. Со вградување на потенциометар може да се регулира интензитетот на светлината. Smart Glass стаклото овозможува дискреција и е погодно за канцеларии, каде само со едено притискања на далечинскиот управувач, отворениот простор се претвора во соба за состаноци.

izo-staklo-clubeconomy

ИЗО СТАКЛО

ТЕРМОИЗОЛАЦИОНО СТАКЛО

Направено од две или повеќе стакла, одвоени со алуминиумска лајсна, овозможува звучна и термичка изолација. Може да се искомбинира и со калено или ламинирано стакло, заради дополнителна цврстина и заштита.

КЕРАМИЧКО СТАКЛО

Произведено по специјална технологија, овозможува температурна издржливост до 800°Ц. Се вградува во печки, шпорети...

izo-staklo-clubeconomy

GLOW IN THE DARK СТАКЛО

Специфично ламинирано стакло кое има способност да ја апсорбира сончевата светлина и да ја емитува во ноќта, создавајќи впечатлив ефект. Овој производ е нов на македонскиот пазар. Посебно е погодно како апликација во барови, ноќни клубови, базени, патеки, ознаки во објекти, и насекаде каде се сака да се постигне ефект на флуоресценција во ноќта.

izo-staklo-clubeconomy

MAGIC GLASS

MAGIC GLASS е нов производ на нашиот пазар. Произведено е низ процес на ламинирање на лед филм помеѓу два листови на стакло. Краен производ на овој процес е магично стакло со кристално јасна светлина, добиена од лед диодите, што создава посебен ефект за набљудувачот. Може да се користи како декор при внатрешно или надворешно уредување на домови, трговски центри, деловни објекти, фасади и секаде онаму каде се сака да се долови ефектот на магичниот сјај на лед светлината.

Види повеќе
izo-staklo-clubeconomy
СИГУРНО, СИ Е СИГУРНО!
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Александар Македонски бб,
7500 Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа