ПЕЧАТЕН БЕТОН

Печатениот бетон е модифицирана мешавина која се користи како систем за изработка на завршен бетонски под. Системот го сочинува свеж бетон од маркат МБ 30 Мпа со дебелина од 6, 8 или 10 сантиметри, армиран во долна зона со мрежа и додавање на влакна кои го сопираат пукањето на бетонската површина. Тој се користи за уредување на внатрешноста на објекти или за надворешни уредувања на партери. Можат да бидат изработени и/или имитирани различни површини: камен, цигла, кожа, калдрма, дрво и дрвени штици, но со трајност на бетон кој се оформува преку употреба на специјални печати со чија примена се постигнува релјефен изглед. Печатениот бетон не избледува и дава заврпна, цврста површина која е отпорна на вода и мраз. Тој е лесен за чистење и одржување, а под него може да се инсталира и приклучи подно греење.