Макпрогрес доо е успешна интернационална компанија, лоцирана во источниот дел на Македонија. Од мал семеен бизнис основан во 1990 година, Макпрогрес прерасна во еден од водечките производители на кондиторски производи во Југоисточна Европа извоз во повеќе од 55 земји во светот.
Подетално за компанијата
МАКПРОГРЕС
Макпрогрес е една од најголемите прехранбени компании на Балканот со над 750 вработени. Примарната дејност на компанијата е производство на кондиторски производи како и преработка, обработка и доработка на земјоделски зрнести култури. Од неодамна компанијата влезе и во сегментот на здрава храна. Дел од дејностите со кои се занимава се и малопродажба, угостителство и производство на амбалажа. Целосното производство е во согласност со HACCP, HALAL и со ISO9001: 2008 QMS стандардите. Сите суровини и финални производи редовно се контролираат во овластени лаборатории за контрола на квалитет.
Со континуирани инвестиции компанијата детерминирано го проширува својот производствен капацитет со цел секојдневно задоволување на потребите на потрошувачите. Производите се меѓународно познати како високо квалитетни со цени достапни за секого. Макпрогрес е индустриска групација со силна општествена одговорност. Со цел придонесување кон одржливоста на општествениот развој, компанијата има активна соработка со локалната заедница, вработените и општеството во целина за овозможување на што поквалитетен живот за сите.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Војдан Чернодрински бр.8, 2310 Виница
Град: Виница
Држава: Македонија