Filters
Пребарување
РАСАДНИК РИСТОВИ ИР

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

РАСАДНИК РИСТОВИ ИР се занимава со производство на саксиско цвеќе. Продажба на големо и мало на сите видови цвеќиња и зимзелени растенија. Сопствено производство на:

- Питунии
- Бегонија
- Магнолија
- Хибискус
- Примула 

и многу други...

РАСАДНИК РИСТОВИ ИР

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

РИСТОВИ ИР

Компанијата РИСТОВИ ИР од село Владевци, Струмица се занимва со производство на садници за декоративни зимзелени и листопадни дрва, како и со производство на саксиско цвеќе за уредување на дворови од приватни куќи, деловни објекти, јавни површини и секаков вид ентериери. Најголем дел од декоративните растенија и саксиското цвеќе се од наше производство, кое се одвива во оранжериите и пластениците што ги имаме во село Владевци, во кои работиме според најновите стандарди, следејќи ги светските трендови во хортикултурата.

rasadnik-ristovi-ir-clubeconomy
rasadnik-ristovi-ir-clubeconomy

производство

Дел од нашите капацитети се опремени и за зимско производство на декоративни растенија и саксиско цвеќе, што ни овозможува на пазарот да настапуваме преку целата година. Расадникот РИСТОВИ ИР во својата понуда има и увозно цвеќе и декоративни растенија, кои се помал сегмент од нашата активност, но ни ја комплетираат понудата и ни овозможуваат да ги задоволиме и најспецифичните и најесклузивните барања на клиентите.

rasadnik-ristovi-ir-clubeconomy
rasadnik-ristovi-ir-clubeconomy

хортикултурно уредување

Покрај со производство и со увоз на декоративни растенија и саксиско цвеќе тимот на РИСТОВИ ИР се занимава и со проектирање и целосна реализација на проекти од хортикултурно уредување и изведба на системи за нивно наводнување, за дворови од куќи, дворови на стопански и деловни овјекти и јавни површини. Од неодамна понудата ја заокруживме и со проектирање и изведување на хортикултурно уредување на ентериери, како и со фортикултурна поддршка на разни настани и прослави.

дистрибуција

Расадникот РИСТОВИ ИР располага со сопствена дистрибуција за територијата на цела Македонија, за што имаме и соодветен возен парк. Што се однесува за асортиманот во понудата се опфатени сите видови декоративни зимзелени и листопадни растенија, потоа саксиските цвеќиња кои се традиционално присутни на овие простори, од кои би ги издвоиле сарделата, бегонијата, петунијата, но и магнолијата, хибискусот, примулата...

rasadnik-ristovi-ir-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Село Владевци, 2411 Василево, Струмица
Град: Струмица
Држава: Macedonia


Телефони

+389 (0)70/214 426

Социјални медиуми

Лице за контакт




Документи