Подетално за компанијата
ТЕХНОИНЖИНЕРИНГ
ТЕХНОИНЖИНЕРИНГ дооел Штип е мало претпријатие основано 1991 година, со главни активности во метало-преработувачката дејност. Во почетокот со основањето главната производствена активност ни е производство на транспортни тркала од пресувана гума, фиксни и стабилни тркала за индустриска и комерцијална примена.
Со развојот на компанијата, ја проширивме производната програма останувајќи во металопреработувачката дејност, но со многу поголема палета на производи и услуги. Денес располагаме со сопствен производствен простор од 400 м² и на пазарот сме етаблирана компанија за производство на транспортни колички, производи од INOX, транспортни тркала и транспортни ролни.

ТРАНСПОРТНИ КОЛИЧКИ
• Угостителски колички за транспорт на храна во вертикална изведба, со носивост од 100 и 50 чинии
• Индустриски транспортни колички со пумпани и со вулканизирани гуми
• Транспортни колички за транспорт по скали
• Колички за транспорт на буриња, две изведби, за пластични и метални буриња
• Колички за транспорт на боци со пропан бутан гас
• Колички за транспорт на индустриски боци со гас, со волумен од 5L, 10L и 40L, со две и три тркала.


ПРОИЗВОДИ ОД INOX
Различни видови колички и иноксни елементи за: прехранбена, хемиска, фармацевтска индустрија. Изработка на иноксни производи по нарачка, достапни и заштитени само за нарачателот.
ТРАНСПОРТНИ ТРКАЛА И ТРАНСПОРТНИ РОЛНИ
• Транспортни тркала од вулканизирана гума, стабилни и вртливи во седум различни димензии, процес без леење на гума, со голема и средна носивост.
• Транспортни ролни за гумени лентасти транспортери: метални, со навој, странични, метални гумирани и амортизациони


УСЛУГИ
ТЕХНОИНЖИНЕРИНГ дава услуги за најразлични видови заварување, поправки, ремонтирање, демонтажа и монтажа на челични и иноксни делови.
Контакт информации
Адреса
Улица: Индустриска зона Македонка бр. 49А, 2000 Штип
Град: Штип
Држава: Македонија