Подетално за компанијата
Компанијата УНИТРА ИНЖЕНЕРИНГ е основана во 2004 година и се занимава исклучиво со производство на пружини – жичани и лимени.
Нашиот тим се состои од професионалци со долгогодишно искуство, кои со своето знаење и посветеност се грижат секој проект да биде реализиран прецизно, навремено и согласно специфичните потреби на секој клиент.

Производната програма на УНИТРА ИНЖЕНЕРИНГ опфаќа повеќе видови производи, како:
- Притисни пружини
- Растезни пружини
- Торзиони пружини
- Лимени пружини
- Пружини за земјоделска механизација


Материјалите што ги користиме се сертифицирани, тестирани и усогласени со релевантните стандарди, набавени од реномирани производители:
- EN 10270-1 ph
- EN 10270-1 zn
- EN 10270-2
- Нерѓосувачка жица 1.4310
Опсегот на материјалот за производство е од ф 0,3мм, до ф 15мм. Ова ни овозможува да гарантираме конзистентен квалитет и издржливост.
Пружините ги изработуваме како стандарден производ или по спецификација на клиентот, според технички цртеж или доставен примерок. Производство од поединечни парчиња, до сериско и масовно производство.
Современото и автоматизирано производство што е имплементирано во компанијата, користејќи ЦНЦ машини и автомати, придонесува да постигнуваме висока прецизност и стабилен квалитет на секој производ. Со комбинирање на стручност, современа технологија и внимателен пристап кон секој клиент, во УНИТРА ИНЖЕНЕРИНГ изградивме репутација на сигурен партнер кој секогаш го испорачува ветеното.

Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. 8-ми Септември бр. 200, 1400 Велес - Продажен салон
Ул. Д-р Панче Васков бр. 32, Велес - Производство
Град: Велес
Држава: Македонија
