Подетално за компанијата
Компанијата е местото, каде урбаниот човек, во потрага по софистицирана естетика и функционалност, ќе најде сè за својот домот.
ДРВОДЕКОР ЕНТЕРИЕРИ
Фирмата веќе подог период се занимава со производство на мебел и опремување на секаков вид објекти, со користење на квалитетни материјали и следење на најновите светски трендови во дизајнирањето на мебел и ентериери. ДРВОДЕКОР ЕНТЕРИЕРИ е технички и кадровски опремена да испорача целосна услуга, од проектирање на ентериерот според вашите желби, решенија за деталите, производството на мебелот во сопствен производствен погон, негова монтажа и опремување на објекттот во целина.


ТРЕНДОВСКИ И БЕЗВРЕМЕНСКИ РЕШЕНИЈА
За да знаете како на крајот ќе изгледа вашиот дом уште пред да почнеме со работата, опремени сме сите замисли и желби да ги имплементираме во спецјална програма 3D MAX, што ќе ви помогне да го направите изборот и да ја донесете одлуката. За тимот на ДРВОДЕКОР ЕНТЕРИЕРИ секој проект е посебен предизвик, што ни помага да ви го понудиме најфункционалното, најекономичното и најубавото решение за вашиот дом или друг објект, дизајнирано според трендовски и безвременски модни детали.
ПРОИЗВОДНА ПРОГРАМА
Во производната програма произведуваме мебел за:
-
• Дневни соби
-
• Спални соби
-
• Детски соби
-
• Кујни
-
• Плакари, комоди, трпезариски и клуб маси, клуб гарнитури...


САЛОН
Салонот на ДРВОДЕКОР ЕНТЕРИЕРИ е со широк асортиман на производи потребни за секој дом, а покрај мебелот што ние го произведуваме, во него можете да најдете и тапациран мебел од македонски производители, теписи и теписони од Белгија и Турција, завеси, бела техника... Посебна програма ни е продажбата и монтажата на венецијан ролетни, вариолаит завеси и ПВЦ ролетни.
Контакт информации
Адреса
Улица: Населба Стар Караорман, 2000 Штип
Град: Штип
Држава: Македонија