SEARCH COMPANY
Filters
Search
 








Каде за викенд?

Етно ресторанот Дедо Димо е сместен во срцето на руралната средина с.Куратица кое се наоѓа 20км североисточно од Охрид на 1100 метри надморска височина. Покрај храната и чистиот воздух, може да уживате во незаборавните прошетки до Плаќенска планина на 1999 метри надморска височина (Сталев камен) каде ќе имате можност да ги погледнете двете најголеми природни езера Охридско и Преспанско, како и панорама на половина Македонија делови од Албанија и Грција.

СПЕЦИЈАЛИТЕТ НА КУЌАТА: ЃОМЛЕЗЕ, ПРЕСНЕЦ

kade-za-vikend-clubeconomy

Се наоѓаме на 20 километри од Куманово, во близина на изворот Визиана во прекрасен амбиент, со наша мала зоолошка градина, која е вистинска атракција и радост за децата. Идеално место да излезете во природа и далеку од градскиот метеж да уживате во нашите специјалитети, подготвени од тим врвни мајстори на македонската кујна. Наш заштитен знак се специјалитетите од риба, но имаме што да им понудиме и на оние кои повеќе го сакаат месото.

СПЕЦИЈАЛИТЕТ НА КУЌАТА: ЦЕМЕНТИРАН СОМ, ЦЕМЕНТИРАН КРАП, БЕЛА ПАСТРМКА НА СКАРА

kade-za-vikend-clubeconomy

Прекрасен етно амбиент и традиционални јадења во срцето на Овчеполието. Мајсторите на гастрономијата за Вас ќе ги подготват специјалитетите кои ќе следат по фантастичните предјадења и ќе ги разгалат вашите сетила, изненадувајќи Ве со вкусови кои никогаш не се забораваат, а за пријатно расположение ќе придонесат и висококвалитетните вина.

Од кај нас ќе си заминете задоволни од беспрекорната услуга и пријатниот амбиент и со нетрпение ќе го очекувате моментот кога повторно ќе се вратите.

СПЕЦИЈАЛИТЕТ НА КУЌАТА: ПУЖЕ ТАВА

kade-za-vikend-clubeconomy
Leave your comment