- По што денес е препознатлива на пазарот компанија TrendLine и каде ја гледате вашата најголема конкурентска предност?
TrendLine е компанија специјализирана за дизајн, изведба и опремување на wellness простори. Со 20 годишно искуство и присутност на пазарот, нудиме максимална посветеност на квалитетот, создаваме базени, сауни, парни бањи и spa решенија кои комбинираат естетика, функционалност и современ дизајн.
Нашата цел е секој проект да понуди максимален комфор, релаксација и долготрајна вредност.
- Кои се главни приоритети на кои работите во овој период?
Зголемениот обем на работа во последните 5 години, најпрвин наложува реструктурирање на бизнисот и градење на структура која ќе може да одговори на потребите на пазарот и да ја следи нашата визија, мисија и стратешки цели.
- Кои се најголемите предизвици со кои се соочувате на пазарот и како тие влијаат врз вашето работење?
Пазарот на кој работиме е доста динамичен и има се уште простор за негово развивање. Како најголем предизвик со кој се соочуваме, не само ние, туку и голем број компании, би ја издвоил сивата економија и не лојалната конкуренција која работи надвор од рамките на системот.

- Како се справувате со менувањето на потребите и очекувањата кај клиентите?
Како што напоменав претходно, пазарот е доста динамичен и потребите на клиентите брзо се менуваат. Распространетоста на интернетот и социјалните мрежи, придонесуваат секојдневно изложување на безброј слики, идеи и проекти од нашиот сектор, кои клиентите сакаат да ги приспособат согласно нивниот простор и буџет. Како мал тим ние сме доста флексибилни и успеваме да се приспособиме на потребите и очекувањата на клиентите.
- Кои се најзначајните новитети и промени што ги воведовте во последниов период?
Како компанија која примарно работи во областа на изведба на сауни, базени и спа опрема, како новитети би ги издвоил промената на дизајнот на финските сауни и употребата на модерни дрвени решенија за финално обложување на истите. Во делот на базените, исто така, се следат актуелните промени во дизајн и финално обликување, како и автоматизација на процесите за филтрација и одржување.

- Кои се најголемите можности за раст во вашата дејност, во моментов?
Можноста за раст е голема. Иако пазарот има изградено свесност за производите на спа индустријата, се уште има голем простор за раст и развој на истиот. Ако направиме споредба низ годините, можеме да погледнеме дека волуменот на работа и изведени проекти расте во континуитет. Што е интересно? Се смени перцепцијата на клиентите дека за сауна или базен е потребно многу простор за нивна изведба, така да денес сауните се почесто се вградуваат во простори од околу 2 м2, а базените се почесто се градат во простор од 20 до 30 м2.
- Постои ли можност за инвестирање во развој, модернизација и нови технологии во моментов?
Секако дека постои. Инвестирањето, пред се, во човечки капитал, а потоа во нови технологии се бита развојна компонента на секоја компанија
- Кои се најважните лекции што ги научивте низ досегашното работење?
Прво, дека посветеноста кон тоа што се работи секогаш дава резултат. Дека е големо значењето на флексибилноста и способноста за промени, како и дека во бизнисот не секогаш 2+2=4.

- Што според вас е клучно за една компанија да остане успешна на пазарот на долг рок?
Посветеност и работа. Пред се би ги издвоил следните работи: индивидуален пристап кон секој клиент, врвен квалитет на употребените материјали и опрема која се вградува, модерен дизајн и професионална изведба која ги следни дадените рокови на проектите.
- Каде сакате да го видите TrendLine во следните неколку години?
Пазарен лидер во спа индустријата во Македонија и регионален играч кој може да се носи рамо до рамо со поголеми регионални компании од истиот сектор.
Дознајте повеќе за TrendLine